Од нашата душа-голем концерт на Фонтана во Битола

0
1047

Големиот солистички концерт на Фонтана наречен Од нашата душа, ќе се одржи на 5-ти декември во големата сала на Центарот за култура Битола.

На овој концерт ќе биде претставен и промовиран сосема нов музички материјал, кој се темели врз македонската традиција, староградската народна музика.

Специјална гостинка ќе биде Каролина Гочева, а покрај неа и турската пејачка Гамзе Матраци, исклучително талентирана пејачка и иснтрументалист која ќе го промовира најновиот музички материјал.

Покрај овие две големи музички имиња, гостин ќе биде и виртуозот на труба Џамбо Агушев, потоа познатиот виолинист Владимир Крстев, гудачки оркестар и уште неколку други изненадувања.