Од нашата душа-неповторливо музичко патување со Фонтана

0
535

Во големата сала на Центарот за култура во Битола се одржа солистичкиот концерт на битолската музичка група „Фонтана”, насловен “Од нашата душа”.

– На концертот беше претставен и промовиран сосема нов музички материјал кој се темели врз нашата традиција и староградска народна музика-истакна за Тера телевизија  Благојче Трајковски.

Покрај музичкото уживање за уши кое го приредија членовите на „Фонтана“, како специјална гостинка на сцената се појави и нашата најголема музичка ѕвезда Каролина Гочева, а покрај неа, специјално од Турција и музичката пејачка ѕвезда Гемзе Матраци.

Оваа исклучително талентирана пејачка и инстументалист го промовираше нејзиниот албум со македонски народни песни, кој го работеше во соработка со Никола Мицевски.

Покрај овие две големи пејачки имиња, на концертот како гостин настапи и виртуозот на труба, светски познатиот Џамбо Агушев, Некст Тајм, како и познатиот виолинист Владимир Крстев, гудачки оркестар и други.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY