Од недела попладне пад на температурите

0
205

До крајот на неделава ќе се задржи сончево и многу топло време, а од недела попладне метеоролозите најавуваат пад на температурите, а во понеделник пониски температури за шест степени.

По топлото време, невообичаено за овој период од годината, позначителна промена на времето проследена со засилен ветер, пад на дневната температура и локален дожд се очекува во недела попладне.

Од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а дневните температури ќе бидат пониски за околу шест степени од денешните. Се очекуваат температури од околу 30 степени Целзиусови.

Времето во четврток ќе биде сончево и топло со мала умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне во северните планински делови ќе има услови за локален краткотраен дожд.

Температурите ќе достигнат и до 37 степени Целзиусови, а  јужно-вардарскиот регион е зафатен со температури од портокалова фаза./крај/мф/