Од невремето Долнени има штета од милион евра

0
684

Невремето кое деновиве ја зафати општина Долнени предизвика големи штети кои се проценуваат на околу милион евра.

Повеќе од 30 куќи се поплавени, околу 500 хектари со тутун и жито, а неколку семејни бизниси се скоро целосно уништени.  Најмногу штети претрпеа жителите на селото Лажани. Освен село Лажани штета од поплавите имаат и селата, Дебреште, Житоше, Кошино, Ропотово и Црнилиште. Вкупната штета се проценува дека надминува 1 милион евра.

Според мештаните, виновна за поплавите е општината и надлежните институции за одржување на реката. Градоначалникот на општина Сандево, Боше Милошевски вели дека ќе побара помош од Владата. Градоначалникот на општина Долнени апелираше до сите жители од оваа општина, до наредниот петок, штетите да ги пријават во надлежната комисија.