Од отпадна слама до огревен материјал

0
319

Општина Могила неодамна стана партнер на грчката општина Халкидонија, во проектот Развој на погранични проекти на земјоделието за унапредување на земјоделството преку зголемување на енергетската ефикасност.Во основа, проектот подразбира процес на производство на брикети од отпадна слама и набавка на брикетара за производство на брикетите. Целта на проектот првично е земјоделците, сламата од фуражните култури и лозарството да не ја фрлаат или палат по нивите, туку истата да ја искористат за добивање на брикети со кои најпрва ќе се загрева општинската зграда и неколку останати јавни институции и училишта, а потоа и индивидуалните домаќинства да се приклучат кон овој проект.Во разговорот со Елена Даскаловска проектен менаџер беше објаснет процесот на добивање на брикетите како и тоа дека едноставен е процесот на прилагодување на веќе постоечките грејни тела по домаќинствата, за истите да користат брикети.