Од отровите за кучиња може да страдаат и деца

0
1134

По зачестените случаи на труење и грозоморно убивање на кучиња и мачки граѓани преку социјалните мрежи се организираа да излезат на протест и да го покажат својот револт.
На социјалните мрежи постојано излегуваат слики на кои што се прикажани труења на животни.
Оваа реакција на засега непознати лица следи по неколкуте напади од кучиња, од кои едно дете почина. Здруженијата сметаат дека е геноцид врз животните, а граѓаните се вознемирени.
И од агенцијата за ветеринарство и од Анима мунди се согласни дека не треба да се расфрла смртоносен отров бидејќи е тешко кривично дело, а полицијата апелира секој кој ќе забележи дека има мачење и убивање животни да пријави на 192.
Отровот кој може легално да се купи, опасен е и за здравјето на луѓето. Во последнивe недели отров се фрла насекаде, па дури и во приватните дворови.
И Министерството за здравство со апел до граѓаните да не фрлаат отрови за животни бидејќи така можат да настрадат и децата.

„Посебно апелираме на поголема свесност и совесност дека злоупотребата на овие материи директно го загрозува и здравјето на децата, кои лесно може да дојдат во допир со фрлените отрови на јавни површини. Според стручните лица во областа, за оваа намена најчесто се користат пестициди, или други опасни и токсични хемикалии, кои во директен допир со човекот може да предизвикаат и фатални последици, а дури и вдишувањето вакви хемикалии може да создаде трајни последици по респираторниот систем предупредуваат тие”.

Агенцијата за храна и ветеринарство ја продолжува досегашната соработката со Здружението за заштита на животните Анима Мунди и останува отворена за понатамошни чекори за конечно и сеопфатно да се реши проблемот со бездомни кучиња во државата.