Од Перу до Битола со мотор

0
798

Приказната за перуанецот Валентино де Васко кој патува низ целиот свет со мотор, презентирајќи ја музиката на различни земји, започнува пред 3 години кога патува за Алјаска.

Тогаш тој одлучува дека сака да купи мотор, иако никогаш претходно не возел.

Патувајќи овој пат 20.000 километри, стигнува и до Битола и го имаше својот настап пред битолчани во Бар чаршија.

Во Македонија доаѓа по трет пат, првиот пат во мај оваа година, кога настапувал во Охрид.

За нашата публика вели дека одлично реагира на неговите настапи, а како народ за македонскиот вели дека сме доста љубезни.

За прв пат слушнал македонска музика во Охрид, кога еден бенд свирел реге, а тогаш учи и песна од Супер хикс.

Следно сака да ја посети Јапонија, земја која одамна го инспирира со нејзината култура.

Знае индиски, шпански, англиски, руски, италијански, монголски, турски песни.

Повеќе од разговорот со Валентино во продолжение.