Од понеделник мало заладување

0
442

Под влијание на поле на висок воздушен притисок ќе биде сончево и топло со пораст на максималните температури кои ќе бидат повисоки од вчерашните. Ќе дува доумерен слаб ветер од променлив правец. Утринските температури од 10 до 20 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 25 односно до 37 степени. Ув индексот ќе има вредност 8.

Во Битола дневната до 30 степени.

Во Македонија утре ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Во попладневните часови услови за врнежи од дожд ќе има околу регионите на Шар Планина, Ниџе, Кожуф, Беласица како и во Малешевијата. Максималните температури од 26 до 38 степени. Во сабота и недела во поголем дел од Македонија ќе имаме претежно сончево време со локална облачност и топло, а во попладневните часови во западните и северозападните предели со услови за врнежи од дожд. Максималните дневни температури од 27 до 38 степени. Во понеделник претежно сончево со локална облачност и посвежо со пад на температурите кои ќе достигнат до 21 односно до32 степени.