Од понеделник масло од канабис во аптеките низ Македонија

0
453

Од понеделник, во аптеките низ Македонија во продажба, ќе се најде и медицинското маслото од канабис во концентрации со тераписко дејство. Станува збор за препаратот „каноил канц“, маслени екстракти, кои во својот состав содржат строго контролирана концентрација на активните компоненти ТХЦ (тетрахидроканабинол) и ЦБД (канабидиол ) и се наменети за пациенти со малигни заболувања.

Лековите ќе можат да се набават во аптека исклучиво на рецепт од лекар специјалист. Препаратите ќе се продаваат по цена од 5.544 денари за „каноил канцоил канц 300“ и 9.240 денари за „каноил канц 600“.