Од понеделник на распуст?

0
916

Смогот што ја задуши половина Македонија го размрда Министерството за животна средина. Денеска министерот Нурхан Изаири најави дека до Владата и другите министерства ќе предложи пакет мерки поради повеќекратно надминување на граничните вредности на ПМ 10 честичките во период подолг од 10 дена, особено во Тетово и во Скопје.

Изаири информира дека во согласност со надлежностите на неговиот ресор, од Министерството за образование и од општините бара зимскиот распуст да започне во понеделник наместо во среда.

Без коментари

LEAVE A REPLY