Од понеделник се враќа деловниот воз за Битола и уште еден доцна навечер

0
1666

Од понеделник, 14 март 2016 година, МЖ Транспорт АД – Скопје, во редовен сообраќај го враќа деловниот воз 540/541 на релацијата Битола-Скопје-Битола. МЖ Транспорт, истовремено, на релацијата Скопје-Битола-Скопје воведуваат уште еден пар возови 940/941. Сообраќајот на возовите 540/541 и 940/941 ќе се реализираат со новите современи кинески дизел моторни гарнитури. Па така сега од Скопје кон Битола и од Битола кон Скопје, наместо постоечките три, ќе сообраќаат пет пара на возови.

Популарниот деловен воз (Пелагонија) ќе вози по важечкиот возен ред – што ќе рече дека од Битола ќе тргнува во 5.18 часот, а во Скопје ќе пристигнува во 8.02 часот. Од Скопје за Битола ќе тргнува во 17.10, а во Битола ќе пристигне во 19.51 часот. Новововедениот воз 941 од Скопје ќе тргнува во 1.40 (по полноќ), а во Битола ќе пристигнува во 4.30 часот. Од Битола за Скопје возот 940 ќе тргнува во 20.50, а во Скопје ќе пристигне во 23.39 часот.

Двата воза ќе возат под задолжителна резервација на место за седење, соопштија од Македонски железници.

Без коментари

LEAVE A REPLY