Од понеделник смени на началниците во секторите за внатрешни работи

0
1316

Нови началници од понeделник ќе добијат и единиците за специјални задачи (ЕСЗ) и за брзо распоредување (ЕБР), а ќе следат смени и во СВР Скопје, Куманово, Велес, Битола, Штип, Струмица.., велат од МВР.

МВР започна со кадровски промени на раководни позиции во ресорот. Од таму информираат дека вчера биле донесени неколку одлуки за разрешување на претходните, и за именување на нови раководители. Сашо Трајковски е новиот началник на Петтата Управа во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).

Разрешена од раководната функција е и Анета Станчевска, помошник-министерка за внатрешна контрола и професионални стандарди во МВР.

Од началник на крим-полицијата е сменет Марјан Наковски, а на таа позиција е назначен Марјан Коцев, советник во кабинетот на министерот Спасовски. Од МВР велат дека од понеделник ќе следат смени и во Секторите за внатрешни работи (СВР) во Скопје, Куманово, Велес и Битола, како и на началниците на ЕБР-Единицата за брзо распоредување и на ЕСЗ – Единицата за специјални задачи („Тигри“). Во друга фаза ќе следат смени во СВР во Штип и во Струмица, како и назначување на помошници-директори во МВР.