Од сеф од поштата во Битола украдени повеќе од 50.000 денари

0
848

На 07.11.2015 година во 07,00 часот во СВР-Битола, вработен во „Македонски Пошти“-Битола, пријавил дека во текот на ноќта од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба при што насилно од сефот одземени се околу 53.500 денари. Имено, сторителот со подесен предмет го отстранил катанецот од металната решетка од влезната врата во поштата, влегол внатре, делувал на бравата на горната врата од сефот, го отворил, ги одзел парите и го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.