Од септември и во средните училишта учебници од Кембриџ и насока од прва година

0
497

Во општите средни училишта од септември ќе се применуваат учебниците од Кембриџ програмата, а од годинава насочувањето во средното образование ќе се врши веќе од прва година. Ќе има шест насоки – природно- математичка, комбинација А и Б, јазик- уметност, комбинација А и Б и хуманитарно- општествена, комбинација А и Б.

Од септември сите ученици кои ќе се запишуваат во општите средни училиште ќе мора да изберат една од шестте насоки за кои досега требаше да се определат од трета година. Ова определување ќе се врши според резултатите постигнати во основното образование каде веќе се работи според учебниците од Кембриџ.

Од годинава учебниците од Кембриџ програмата ќе се применуваат и во  средните училишта.