Од што страдаат пчелите

0
925

Македонскиот мед како здрава и квалитетна храна потребно е да се доближи до граѓаните. Меѓутоа, последниве години, пчеларите мака мачат како да се справат со болестите кои ги напаѓаат пчелите и со климатските промени со сушни периоди и студени зими. Американската трулеж или гнилец е опасна и многу заразна болест кај пчелите. Оваа бактерија постојано е присутна кај пчелините друштва.

– Пчелите најдобро се заштитуваат со билки кои се на прииродна база ги заштитуваат во есенскиот дел, има и во пролетниот и во текот на цела година кои се чадат со препарат на природна база, значи нема хемија, но нажалост оваа година имаше загуби, но сега најмногу има загуби од ГМО храна пчелите одат на неа кога се враќаат во кошницата умираат нажалост тоа сега ни го донесоа, америчка болест и се вика америкаснки трулеж изјави, Филип Крстевски професионален пчелар

Порано немало многу реквизити како што сега има модерното пчеларење.

-Секој ден има нови иновации, јас и татко ми неколку ги измисливме додека ги правевме сандаците, додека да се развие пчелата и повеќе мед да носи, а порано правеле во кошници плетени со кал, колку шо ќе си сечиш мед толку, сега се оди напред еве сега има модерно пчеларење, изјави Филип Крстевски, професионален пчелар

50% од пчеларите се над 60 години, млади пчелари многу малку има, се броиме на рака вели Крстевски.
Освен хранливите состојки што ги има медот, прозиводиделите велат дека од пчеларството може пристојно да се живее, меѓутоа, пред да се обезбедат приходи од пчеларството, потребно е да се вложи повеќе труд отколку пари.