Од сите сценарија најверојатно е тоа за бетонирање на изборите на 5 јуни

0
398

Претседателот на НСДП, Тито Петковски, вели дека одлуката на ДУИ да ги повлече министрите од Владата отвора неколку можни сценарија за развој на настаните, но според тоа како се одвивале работите во минатото, потегот на алтернативците е договорено сценарио со ВМРО-ДПМНЕ за бетонирање на 5 јуни како датум на избори.

– Поради одлуката на ДУИ владата паѓа и веднаш може да се распишат избори. Може да се направи влада на широка коалиција или пак да се формира ново парламентарно мнозинство што би избрало влада без ВМРО-ДПМНЕ. Во Уставот нема никаква пречка за сите тие варијанти. Но тргнувајќи од тоа како тие до сега функционираа, ова е договор со ВМРО. Соопштението на ДУИ што синоќа беше испратено со медиумите е многу штуро и не ги кажува нивните намери – вели Петковски.