Од Скадар тргнува нашиот мундијалски сон во септември

0
370

Македонската фудбалска репрезентација квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство во Русија ќе започне на 5 септември во Скадар, против Албанија, соопшти Фудбалскиот сојуз на оваа земја.

Стадионот во Сакадар, на кој ќе се одигра мечот се наоѓа во фаза на реновирање, а има капацитет од 20.000 места.

По мечот со Албанија, македонските фудбалери до крајот на годината ќе одиграат уште три натпревари во Г групата, на 6. и 9.октомври во Скопје ќе гостуваат Израел и Италија, а на 12.ноември Македонија ќе гостува во Шпанија.

Во Г групата противници на Македонија, која на последната ФИФА листа се наоѓа на 138-то место, ќе бидат Шпанија (3), Италија (15), Албанија (36), Израел (73) и Лихтенштајн (165).

Без коментари

LEAVE A REPLY