Од Скопје возовите кон Битола не тргнаа

0
604

Машиновозачите денеска ги стопираа возовите поради неисплатени плати.

Тие информираа дека од 12 часот ни еден воз не е тргнат од жезелничката станица во Скопје. Останатите возови чија почетна станица е во друг град, ќе возат додека не се вратат во Скопје, а потоа ќе запрат.

Патничкиот воз кој по возниот ред е во 14:30 од Скопје не тргна, ниту експресниот во 16:55.

Машиновозачите најавуваат целосен бојкот на патничкиот сообраќај се додека не им се исплати платата за месец јули.

Тие рекоа дека веќе го информирале и премиерот Никола Груевски, со оглед на тоа што компанијата е целосно во државна сопственост.

Без коментари

LEAVE A REPLY