Од сон до јаве, 25-то издание на ФАДФ.Камера 300

0
363

На 27 ми и 28 ми октомври ќе се одржи 25 -тото јубилејно издание на фестивалот на аматерски документарен филм Камера 300.
Оваа година е под мотото Од сон до јаве, 25 години откако сонот на филмските аматери од Битола стана реалност, реализираната желба да се организира една филмска манифестација, на која се вреднува трудот на филмските аматери.
Оваа година пристигнаа 42 филмови од 12 земји.
И оваа година филмовите ќе ги оценува интернационално жири и тоа, д-р Стефан Сидовски претседател , проф. д-р Станимир Трифонов од Бугарија, Владимир Анѓелковиќ од Белград,  Србија, Јосип Грозданиќ од Хрватска, проф. д-р. Мишо Нетков Македонија.
Жирирањето веќе е во тек, а свеченото отворање на фестивалот е на 27- ми со доделување на наградите и признанијата .Оваа година ќе се доделат гран при плакета Милтон Манаки, златна, сребрена и бронзена камера 300, плакета за најдобра камера, идеја и монтажа, плакета за најдобра режија Драги Савевски, награда за најдобра репортажа и награда на Уника.
Во изминатиот период на фестивалот учествуваа преку 800 филмови.

Без коментари