Од среда дожд и снег

0
506

Сончво со мала до умерена облачност и умерен ветер, е прогнозата за денеска кога се очекува во Гевгелија дневната температура да достигне и до 17 Целзиусови степени.

Максималните дневни температури во Маврово ќе биде 12 Целзиусови степени, во Скопје 11, Охрид 12, Битола 11, Берово 13…

Утре дневните температури исто така ќе бидат високи за овој период од годината (од 8 до 17 степени),а времто ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб северен ветер.

За вторник прогнозата е сончево, а наутро се очекува појава на магла и максимална дневна температура од 8 до 16 степени.

 Во среда преку денот облачноста ќе се зголемува, ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Во централните делови ќе има слаб краткотраен дожд, а кон истокот ќе паѓа и краткотраен снег.