Од среда влажен бран со обилни врнежи од дожд

0
192

Врнежи од дожд со засилен интензитет ќе ја зафатат земјата од среда, под влијание на повеќе влажни бранови од Медитеранот, информираат од УХРМ.

Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат обилни и на места се очекува да наврнат и до 20 литри на метар квадратен дневно.

Дневните температури ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 14 до 22 степена. /крај/ухрм