Од среда забрана за движење на тешки товарни возила на патот Скопје-Охрид-Скопје

0
172

Од среда, 01.07.2015 година, ќе почне примената на времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 01.09 на магистрален пат А2 делница:  Скопје – Охрид – Скопје, со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони, соопштуваат од АМСМ повикувајќи се на информација од Министерството за транспорт и врски.

Во однос на ограничувањето од минатите години има измена во временските интервали, со цел овозможување на движење на тешките товарни возила во малку поширока временска рамка.

Измената во временските интервали е следната:

Наместо временските периоди за време на викендите и тоа петок од 15.00 до 24.00 часот, сабота од 07.00 до 24.00 часот и недела од 07.00 до 24.00 часот,  забраната би се однесувала на период за време на викендите и тоа петок од 15.00 до 22.00 часот, сабота од 07.00 до 12.00 часот и од 18.00 до 24.00 и недела од 07.00 до 22.00 часот.

Оваа забрана се однесува за период од 01.07. до 01.09. секоја тековна година./крај/амсм

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Макфакс.