Од старт доцнеше еден час, а требаше брзо да стигни до Скопје

0
708

Утрово патници од Битола кои пристигнаа на железничката станица се соочија со проблем. Брзиот воз кој според возниот ред треба од Битола да тргни во 5:25, не тргна на време. Дури после 50 минути чекање, возот тргнал.

Во нивните реакции велат дека секој кој тргнал за некаде испланирал кога ќе пристигне, а вака сите доцнат на своите обврски во дестинацијата која ја одбрале. Ако се знае дека со овој воз главно се патува за во најголем случај обврски во Скопје и патниците од Битола и тие од Прилеп и од Богомила и Велес, од страрт доцнеа за речиси еден час.

Неофицијално дознењето на тргнувањето на возот било заради товар воз. Пробавме да добиеме одговор. На железничката станица во Битола рекоа дека телефон каде што се јавуваме се наоѓа во друга просторија, а не таму каде што се оние кои се одговорни за управувањето со возовите, на станицата во Прилеп првично рекоа дека навреме пристигнал според редот на возење, а по нашето прашање дека возот доцнел од Битола, рекоа да, еден час, а како причиња објаснија дека можеби имало некаков технички проблем. На скопската железничка станица и по многуте обиди, на бројот за информации беше зафатена линијата.

Колку за потсетување, со комфорни, модерни и климатизирани возови се нуди патување. За ваквиот брз воз има и доплата на сумата и плус пари за резервација на седиштето. А за тоа дека брзиот за Скопје денеска наместо 2:45 минути, испадна да се возите цели 3:45 минути, доаѓа како да сте патувале со патнички воз кој застанува како што велат патниците на секоја бандера.