Од утре до 11 јуни екстерно тестирање за 2015/2016 година

0
916

Екстерното проверување на постигнувањата на учениците за учебната 2015/2016 година во јунската сесија ќе се спроведува од утре до 11 јуни.

Државниот испитен центар соопшти дека во оваа сесија ќе бидат опфатени 178.648 ученици од основните и средните училишта, кои ќе бидат тестирани по 1972 предмети.

ДИЦ претходно го објави базенот со прашања по сите предмети. Учениците се тестираат по два предмета кои ги дознаваат три дена пред полагањето, така што на учениците што ќе бидат тестирани утре предметот им беше соопштен во петокот попладне.

Поради уписите во средно училиште (28-ми и 29 јуни), резултатите од екстерното тестирање најпрво ќе бидат објавени за деветтодделенците (на 13 јуни), а за сите останати ученици на 17 јуни.