Од утре дожд и пад на дневните температури

0
578

Денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и во северните делови ќе има локален дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец.

Максималните дневни температури ќе се движат од 22 Целзиусови степени во Маврово, 27 во Берово, во Охрид 28, Скопје 31, Кавадарци 33, Дојран 34…

Од утре се очекува значителна промена на времето. Под влијание на серија на влажни воздушни бранови, утре и задутре времето ќе биде претежно облачно и свежо со врнежи од дожд, а поголеми количини на воден талог се очекуваат во западните и јужните делови од земјата.

Температурата на воздухот значително ќе опадне. Утре максималните дневни температури ќе бидат од 19 до 25 степени, а во среда од 18 до 24.

Во четврток и петок ќе има и локална појава на нестабилност, а дневната температура ќе биде во постепен пораст – од 21 до 26 степени во четврток, прогнозира  УХМР Македонија