Од утре пад на температурите, во Битола до 19 степени

0
1979

Облачноста ќе се зголемува во целава земја, а нестабилно со дожд и грмежи ќе биде и во вечерните и ноќните часови, особено во југоисточните делови, каде има услови процесите да бидат поинтензивни со пообилни врнежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено и засилен северен ветер.

Утре облачно и свежо, со врнежи од дожд, кои во јужните и источните делови повремено ќе бидат поројни и пообилни (над 30л/м2). Најдолго и континуирано се очекува врнежите да се задржат во југоисточните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Т-мин. од 13 до 19, а т-макс. од 17 до 23 степени.

Во Битола до 19 степени.

Локални врнежи од дожд се уште ќе има и во понеделник претпладне. Во текот на денот ќе дува повремено засилен северен ветер. Од вторник следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, која во петок ќе биде во интервал од 29 до 35 степени.

 

Без коментари