Од утре попладне дожд, од другиден и снег на повисоките места

0
813

Утре попладне нашето подрачје ќе потпадне под влијание на студен и влажен бран од кој најпрвин во западните делови ќе има врнежи од дожд. Во текот на ноќта кон понеделник врнежите ќе се прошират и во другите делови од земјава, а на планините во северозападните делови ќе поминуваат во снег и ќе започне да дува засилен северен ветер.
Во понеделник преку денот ќе биде студено и ветровито со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места ( 800 м.н.в.) од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во источните делови. На планините и некои повисоки места ќе се формира снежна покривка. Дневната температура ќе биде релативно ниска, и ќе се движи во интервал од 3 до 9 степени.

И во вторник ќе биде студено и ветровито,претпладне во источните делови со повремен слаб снег.