Од утре пораст на температурите

0
443

Претпладне променливо облачно, во источните делови со слаб локален дожд. Попладне постепено облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието и на исток. Т-мин. од 3 до 8, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 10 до 18 степени.

Во Битола до 16 степени.

Од понеделник следува период на стабилно и суво време со пораст на дневната температура.

Без коментари