Од утре потопло време

0
593

Како и што беше најавено, недела започна со постепено наоблачување во крајните северни делови од земјава, а со сончево време во осатокот од земјата. Прогресијата на наоблачување ќе продолжи во текот на денот, па поголем дел од северната и источната половина очекуваат умерена облачност. Навечер оваа облачност ќе се намали.

Денешната максимална температура ќе биде во границите од 15°С до 18°С низ котлините и повисоките места во источниот крај, додека во југоисточниот регион се очекува максимална температура околу 21°С.

Од утре се очекува суво и генерално сончево време, а температурата ќе бележи постепен пораст.

Утре во Битола до 19 степени, а в четврток до 22.