Од утре температури над 30 степени

0
973

Во Македонија во петок и сабота претежно сончево и потопло. Ветерот постепено ќе престанува. Во петок утринските температури од 5 до 14 степени, а максималните од 20 до 30 степени, а во сабота минималните температури од 6 до 15 степени, а максималните од 22 до 32 степени. Во недела и понеделник претежно сончево со локална облачност и уште потопло. Во попладневните часови во североисточните и источните предели услови за развој на нестабилност и локални врнежи од дожд и грмотевици. Во недела максималните температури од 24 до 34 степени, а во понеделник од 25 до 34 степени.