Од вкупниот износ на таа „виртуелна“ загуба, 52,3 отсто се регистрирани само во еден ден – во понеделникот на 29 јуни, наведуваат американски медиуми. Во просек, загубите на секој милијардер се 217,5 милиони долари во период од 24 јуни до денес, пренесув

0
151

Министрите за финансии од еврозоната ќе ја разгледаат молбата за нов спасувачки заем на грчкиот премиер Алексис Ципрас по резултатите од референдумот в недела. Ова му го соопштил во писмо на Ципрас претседавачот на еврогрупата, холандскиот министер за финансии Јерун Дејселблум.

Министрите за финансии од еврозоната синоќа имаа телеконференција на која одлучија да не ги обновуваат преговорите со Атина пред референдумот, на кој Ципрас ги повика гласачите да го отфрлат претходниот предлог на кредиторите.
Во изјавата објавена на Интернет, Дејселблум посочи дека во следните денови нема да има други разговори со Грција, ниту на ниво еврогрупата, ниту меѓу грчките власти и кредиторите.
-Многу жалам за ситуацијата, имајќи ја предвид силната непоколебливост на грчкиот народ да биде дел од Европа и да остане дел од еврозоната, што ние целосно го поддржуваме, рече претседателот на Еврогрупата.
Грчки владини извори соопштуваат дека преговорите меѓу Грција и нејзините кредитори не завршуваат в недела, односно референдумот претставува дел од преговорите, рече изворот, додавајќи дека премиерот Алексис Ципрас истакнал во својата порака оти „грчката Влада останува на преговарачка маса и ќе остане до крајот. Таа, исто така ќе биде таму во понеделник, веднаш по референдумот, со подобри услови за грчката страна”.
– Истото го потврдуваат и европските лидери и официјални лица, меѓу нив и германската канцеларка Ангела Меркел која рече дека вратите за разговори со грчката Влада остануваат отворени.
Приоритет на Меѓународниот монетарен фонд останува да му помогне на грчкиот народ во текот на овој тежок период на економска криза, соопшти Фондот на својата Интернет страница.
Лидерот на најголемата грчка опозициска партија Нова демократија Андонис Самарас, во телевизиско интервју остро го критикуваше премиерот Алексис Ципрас обвинувајќи го за затворање на банките во Грција.
Самарас истакна дека Грција во моментов е во најлоша позиција во последната деценија, без европска безбедносна мрежа и со затворени банки, а има и проблеми со исполнување на основните обврски кон граѓаните