Од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА засега молк по распуштањето на Собранието

0
389

До овој момент нема реакција од страна на другите три партии кои го потпишаа договорот за предвремени парламентарни избори – ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски, ДУИ на Али Ахмети и ДПА на Мендух Тачи.

Единствено, по распуштањето на Законодавниот дом со став излезе лидерот на СДСМ Зоран Заев кој најави дека неговата партија ќе ги бојкотира овие, како што ги нарече, лажни избори.

Собранието се рапушти пред полноќ, без присуство на претниците од опозицијата.

Претседателот на парламентот Трајко Велјановски нешто пред 23 часот, заклучувајќи ја седницата која траепе само десетина минути, констатираше дека на полноќ се заврпува мандатот на овој парламентарен состав.

Претходно во текот на денот министрите и зам.министрите на СДСМ поднесоа оставки до претседателот на Владата во која влегоа врз основа на договорот од Пржино.

Велјановски, сепак не ја закажа бараната итна седница, на која ќе ги констатира оставките на функционерите на СДСМ.

Претседателот на Собранието, претходно најави дека изборите ќе ги распише на 15, наместо на 7 април, како на ДИК би и дал можност да ја заврши работата околу прочистувањето на изборниот список.

Изборите во земјава веќе еднаш беа одложени, под притисок на меѓународната заедница, од 24 април на 5 јуни.

Без коментари

LEAVE A REPLY