Одбележан 7-от роденден на Битолино

0
491

Со премиера на детската театарска претстава „Јованче и Марика”, во продукција на „Бабец театар”, започна седмото издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино”. Претставата е работена според приказната на Браќа Грим, во режија на Васко Мавровски, дизајн Благој Мицевски, сцена Цветан Јовановски, светло Игор Мицевски.
Во претставата играа – Јулијана Мирчевска, Валентина Грамосли, Никола Пројчевски
Петар Спировски.

После изведбата на театарската претстава, беше отворена самостојната изложба на Ивана Кочов, насловена „Сакам да сонувам”, што претставува и мото на овогодинешното издание на интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино”.

Седмиот роденден на Битолино беше прославен заедно со сите гости на фестивалот со роденденска торта.