Одбележан денот на Државноста во Битола

0
902

Во 1991 година, македонскиот народ излезе на референдум, каде својот глас го даде за самостојна, независна и суверена држава, односно Република Македонија.
По тој повод градоначалникот на општина Битола д-р Владимир Талески, положи свежо цвеќе пред споменикот на двата Илиндена во Битола.
Свежо цвеќе положија и од Сојузот на борци, Советот на општина Битола, претставници на Социјалдемократскиот сојуз и претставници од ВМРО ДПМНЕ во Битола.