Одбележан денот на македонската револуционерна борба

0
2351

Денес во Битола, пред споменикот на Даме Груев со положување на свежо цвеќе беше одбележан Денот на македонската револуционерна борба, од каде градоначалникот д-р Владимир Талески на сите граѓани на Република Македонија им го честита празникот.

„Празникот им го честитам на сите наши сограѓани со надеж дека, нивниот лик, нивните дела што ги направиле овие историски личности се добар пример да се огледаме на нив и денес во денешно време сите ние кои што живееме во Република Македонија, а и надвор од Македонија, дека ценејќи го нивниот труд, нивните жртви, достоинствено ќе се бориме за понатамошен напредок на Република Македонија и нејзино интегрирање во европското семејство. Македонија од ден во ден ја градиме се поуспешна, се посовремена, која што има се подобри услови за живеење на нашите Македонци “, рече градоначалникот на Општина Битола д-р Владимир Талески.

Делегација на ОК на ВМРО ДПМНЕ предводена од претседателот Борче Димитровски, пратеничката Лилјана Кузмановска и други претставници на здруженија на граѓани положија свежо цвеќе и се поклонија пред споменикот на Даме Груев.

Кузмановска праша каде е опозицијата да го чествува овој државен празник.