Одбележан Денот на победата во Русија

0
376

Со воени паради во Москва и во многу други области на Русија земјата го одбележа Денот на Победата во Големата патриотска војна. Генералната проба беше пред два дена и даде најава за грандиозна поворка, пренесе РТ.

Парадата во Москва се одржа на Црвениот плоштад.

Претседателот Владимир Путин се обрати и оддаде почит на загинатите во војната, откако положи венец на Споменикот на незнајниот јунак во Александровска градина.

Освен паради имаше и огномет на многу места, а во Москва беа истрелани 10 илјади огномети во тек на 10 минути.