Одбележан денот на полицијата во Битола

0
1807

СВР-Битола денеска го одбележа 7 мај Денот на полицијата.

sanja stamatova

-Со полагање свежи цвеќиња пред споменикот на загинатите полицајци во конфликтот во 2001 година и споменикот на бранителите „Ангел“ пред Градскиот часовник СВР Битола го одбележа денот на македонската полиција, 7 мај.Во рамки на манифестацијата како секоја година така и оваа ќе имаме посета од дечиња од градинките во градот кој што одблиску ќе се запознаат со опремата, ќе имаат можност да прашаат некој од полициските службеници она што ги интересира, изјави Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола

den na policija 3

Пред децата од градинките беа претставени шлем за јавен ред и мир, борбен шлем, лисици, палка, опрема за контрола и регулирање на сообраќајот, нараквици, флуресцентен елек, рачна радиоврска за комуникација, батериска ламба, апарат за алко-тест, стоп полиција, и апарат за мерење на брзината на автомобилот.

Во рамките на свеченостите по повод одбележувањето на денот на полицијата, СВР Битола донираше свежо млеко од Битолска млекара во износ од околу 15 илкади денари