Одбележан денот на рударите во РЕК Битола и РЕК Осломеј

0
793

Денеска, во рудникот Суводол на РЕК„Битола“ беше одбележан 28 август – Денот на Македонските рудари. На свеченоста, покрај менаџерскиот тим на РЕК„Битола“ и вработените на Комбинатот, присуствуваа и претставници на УО на АД ЕЛЕМ Скопје, предводени од генералниот директор м-р Дејан Бошковски.

Во своето обраќање, директорот на РЕК„Битола Јивко Крстевски го истакна значењето на работата на рударите во крајните производни резултати на РЕК„Битола“, додека директорот на рудниците во РЕК„Битола“ Зоран Богдановски се осврна на постигнатите  резултати на оваа производна единица во периодот помеѓу двата празници.

На присутните им се обрати и генералниот директор на ЕЛЕМ м-р Дејан Бошковски, кој  во своето излагање акцент стави на инвестициите  на компанијата во РЕК„Битола“ и тоа на оние инвестиции кои се веќе завршени и оние кои се во тек.

Тој истакна дека годинава е завршен асфалтниот пат од с. Новаци до ПК Брод – Гнеотино во должина од 11 километри, со кој се обезбеди непречен транспорт на опрема и луѓе од РЕК„Битола“ до новиот рудник, како и на изработувањето на комплетната проектна документација за топлификација на општините Битола, Новаци и Могила со енергија  од РЕК„Битола“

 Исто така, нагласи Бошковски, во наредните две години ќе се реализира инвестицијата за набавка на рударска опрема која ќе ги засили капацитетите на рудниците во РЕК„Битола“ ,  како и проектот  за обезбедување на  експлоатациони резерви на јаглен  во околината на комбинатот, со кој ќе се продолжи работниот век на РЕК„Битола“ во наредните години.

Бошковски се осврна и на подготвителните активности за отворање на рудникот „Живојно“ кои треба да се реализираат до 2020 година , со што ќе се обезбедат 1 милион тони јаглен годишно за потребите на РЕК„Битола“, како и на отворањето на рудникот „Мариово“ . за што во тек е изработка на студија за транспорт на јаглонот од овој рудник до РЕК„Битола“

 

На прославата во рудникот Суводол традиционално беа прогласени и најдобрите рудари за оваа година како и победниците на спортските работнички игри, кои синдикалната организација  ги  организира  во чест на Денот на рударите.

Денот на рударите беше пригодно одбележан  и во РЕК „Осломеј“  каде беше нагласено  значењето на  рударите од овој комбинат како една од поважните  алки во процесот на производство на електрична енергија во компанијата, стои во соопштението на Електрани на Македонија.

                                                                                                                              

 

Без коментари

LEAVE A REPLY