Одбележан Денот на завршувањето на Втората светска војна

0
484

Ученици и професорите од средното училиште „Ла Рокел“ од Кутанс, Нормандија – Република Франција заедно со учениците и професорите од битолската гимназија „Јосип Броз Тито“ денеска на Француските гробишта во Битола го одбележаа 8 мај – Денот на завршувањето на Втората светска војна.
На заедничката средба, француската амбасадорка во Македонија, Лорен Оер посочи дека славењето на 8 мај – Денот кога заврши Втората светска војна е исклучително важно и, како што рече „затоа ние се одлучивме одбележувањето да го реализираме на ова свето место, на Француските гробишта во Битола“.
– Тука сме со надеж дека новите генерации ќе ја сфатат големината на тоа што значи мирот и колку е лоша војната и дека не треба да се губат човечки животи. Се борам за да нема граници меѓу народите, верувам во еден подобар свет во кој секако дека ќе биде и Македонија, истакна Оер.
Во чест на големиот ден и пријателството меѓу двата народа, учениците од Франција изработија скулптура од камен која го симболизира сеќавањето на минатото и обврските кои произлегуваат за иднината. Плочите се напишани на македонски и француски јазик