Одбележан роденденот на Могила

0
248

Пред 19 години, некогашното село Могила, доби статус општина на 12 септември. Денеска горди на оваа општина, градоначалникот и жителите, организираа неколку активности со цел одбележување на овој датум. Меѓу полагањето цвеќе на споменикот на Димче Могилчето, турнирот во фудбал и шах, денеска организираа и конференција важна за економскиот равој на општината.

stevo pivkovski 11 09

Стево Пивковски градоначалник на општина Могила вели дека оваа конференција е посветена на подобрување на енергетската ефикасност на општината и неколку јавни институции, преку искористување на отпадната слама за загревање.

Ги повикаа сите земјоделци и стопанственици за да им го презентираат проектот, ефектите од него, како и истиот да го прошират и во индивидуалните домови.

Деновиве, рече Пивковски, ќе го распишат и јавниот оглас за набавка на брикетарата, а во наредниве 10 дена ќе посетат брикетари во Грција, Бугарија, Хрватска и Србија, за да го изберат најдоброто.

Реализацијата на овој проект би значела голема заштеда на средствата за огрев, посебно за 15 училишта колку ги има оваа општина, како и општинската зграда, со ефтин начин, а воедно и со развој на земјоделието во делот на справување со отпадната слама, која земјоделците ја фрлаат или палат на нивите. Проектот како пограничен е во партнерство со грчката општина Халкидона и Македонското научно друштво, со вкупна финасиска рамка од околу 276 000 евра, од кои 140 000 евра се од македонска страна.