Одбележан Светскиот ден на поезијата во Битола

0
506

 

Секоја година, 21-ви Март е резервиран за одбележување на денот на пролетта и на денот на екологијата, како и светскиот ден на поезијата.

По тој повод НУУБ. „Св.Климент Охридски“ – Битола и ОУ. „Гоце Делчев“, го одбележаа Светскиот ден на поезијата со поетско читање на учениците.

Одлуката 21-ви март да се прославува како Светски ден на поезијата, беше усвоена во Париз во 1999 година, на 30-та сесија на Унеско.

Денот на поезијата се празнува со книжевни собири низ целиот свет и поетите од сите континенти праќаат пораки.

Во рамките на манифестацијата учениците читаа стихови од македонската и албанската поезија, како и нивни лични творби .

На крај следуваше настап на учениците од дневниот престој.

Светскиот ден на поезијата е покана да се размислува за моќта на јазикот и целосен развој на креативните способности на секој човек.