Одбележан светскиот Ден за борба против хепатитот во Битола

0
189

Со голем музички хепенинг и хуманитарна акција, Хепар Центарот од Битола, го одбележа светскиот ден на Хепатитот- Ц на Широк Сокак.

Светскиот ден за борба против хепатитот, годинава се одбележа под мотото „Превентирај го хепатитот- од тебе зависи“, со цел да се стави поголемо внимание на превентивата од оваа болест.

Оваа година на музичкиот хепенинг, настапија Бока конга и Шајо трампет, диџеј Гокс, Солза и Смеа и танчерки од Скопје.

Хепар центарот од Битола покрај музичкиот хепениг, во Магазата организираше акција за бесплатно тестирање за хепатитис.

Покрај тестирањето во соработка со Регионалниот центар за трансфузиологија и Црвениот крст од Битола се спроведе и втората акција каде граѓаните имаа можност да даруваат крв.

Настанот се приклучи кон девизата на СЗО и Европската Асоцијација под мотото „Превентирај се“, со цел да се обрне поголемо внимание за заштита од хепатитис.

Светскиот ден за борба против хепатитис се одбележува од 2010 година во чест на професорот Барух Блумберг, кој добил Нобелова награда за откривање на хепатит Б.