Одбележана годишнината од Рамковниот договор под покровителсво на Џафери и Лика

0
315

Шеснаесет години рамковен договор. Документ на кој се основа меѓуетничката соживот во земјата  но и сите законски решенија кои се од интерес на Албанците во Македонија.

Првиот човек на законодавниот дом Талат Џафери на настанот кој го организираа заедно со Секретаријатот за спроведување на договорот порача дека дека ова е основата врз која се извршија уставните измени во земјата, но и реформите во законодавството.

Меѓу другото потсети дека не секогаш било лесно да се дојде до заеднички прифатливи решенија, но вели за тоа и понатаму потребни се политичари визионери.

„Овој документ, како и е насловен, беше само една основа, рамка над која се извршија уставните измени и законските реформи, кои нивното спроведување го наоѓаа во областа на децентрализацијата, на праведното и соодветното застапување, на посебните парламентарни гласачки постапки со коишто се штитат заедниците кои не се мнозинство од надгласување, во областа на образованието, употребата на јазикот, симболите, изразувањето на културниот и етничкиот идентитет, како и мерките за спроведување на тие измени“, изјави Џафери.

Во пресрет на донесувањето на законот за јазици пак првиот човек задолжен за спроведување на договорот Хазби Лика порача дека новата влада е на вистинскиот пат и дека токму новиот закон треба да ја допрецизира употребата на албанскиот јазик.  Дека соработката треба да продолжи визионерски, но и со ладни глави порача и пратеничката Фросина Ременски.

„Со одобрување на законот за употреба на јазиците, кој наскоро ќе треба да се прифати, те донесе од страна и на парламентот, сегашната влада покажува дека сме на прав пат кон реализација на реформите и понатамошната демократизација на државните институции“, изјави Лика.

„Денеска кога се чувствува политичката решителност на власта да се напушти дневно-политичкиот бенефит од националистичката реторика и се отвори патот на остварување на наднационалните интереси на Република Македонија, сите заедно треба да се фатиме во костец со искушенијата да не се подлегне на притисокот на пропагандата која трасира пат на поделби и непријателства“, рече Ременски.

На 16 – годишнината од потпишувањето на договорот кој стави крај на вооружениот конфликт во 2001 присуствуваа и поранешни, но и актуелни функционери, претставници од владејачката коалиција и министри како и претседателот на ДУИ Али Ахмети.

 

http://24vesti.com.mk