Одбележани 71 година од Првата егејска-македонска ударна бригада во Битола

0
680

Здруженија на Егејците од Македонија, општинската организација на Сојузот на борци, локалната самоуправа и Светскиот македоснки конгрес, денеска одбележаа 71 година од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада.

aleksandar

– На овај ден пред 71 година била построена Македонската егејска ударна бригада којa што ја сочинувале борците од Егејскиот, Пиринскиот и Вардарскиот дел, изјави Александар Трајковски претседател на Созуз на борци-Битола

Од МАКЕДОН ја поздравија одлуката на Советот на општина Битола за прифаќање на иницијатива за подигање на Биста на Андреја Чипов во Битола и за обновување на бистата Крсте Петков Мисирков

makedon

Споменот за формирањето на Првата егејска-македонска ударна бригада во Битола е значаен настан во историја на Македонија затоа што нејзините борци се пресметаа со соработниците на окупаторот балистите во западниот дел на Македонија, рече меѓу другото претседателот на СМК Тодор Петров

todor petrov

Свеченоста по повод 70 годишнината од формирањето на Првата егејска-македонска ударна бригада во Битола се одржа пред пожарната односно на локацијата каде таа бригада била формирана пред седум децении.