Одбележани Европските денови на културно наследство во Битола

0
900
4D Virtual Urban Art - Creative event #4

Во битолскиот Завод и музеј, се одбележаа Европските денови на културното наследство.
Македонија на оваа манифестација се придружи пред 20 години.
Препораките за организирање на настани од ЕУ., се бесплатни тури низ музеите и локалитетите, отварање на изложби но и организирање на едукативни работилници со најмладите.
Во текот на деновите на одбележување на Европските денови на културно наследство, беа имплементирани едукативни работилници за децата од основните и средните училишта од Битола, како и работилници за децата од градинките.
Целта на ЕДКН. е подигнување на свеста кај европските граѓани за богатото и различно културно наследство, почитување, толеранција, информирање на авторитетите за потребата од заштита на културното наследство, особено тоа што е во опасност.
Годинава акцентот беше ставен на техничкото и индустриско наследство. Со тоа се организираа посети на стари железнички станици, поранешни фабрики и други капацитети ( пивари, млинови), каде се приказните за промени, развој и креативност, каде и како работеле нашите предци, типот на работните места, каков бил животот.
Европски денови на културно наследство, е заедничка иницијатива на Советот на Европа и Европската Унија, која се организира секој септември во 50 земји од Европа од 1999 година.
Во рамките на ЕДКН. на ниво на Европа, беа организирани 50 000 настани, кои беа посетени од 20 милиони посетители.