Одбележување 50 години МАНУ

0
296

50 години МАНУ. Во присуство на научната елита, политичари, функционери од дома, и од странство, Македонската академија на науките одбележува јубилеј од своето постоење. Централниот настан се одбележа во Македонската опера и балет.

На собирот во Македонската опера и балет, присуствуваа претседалот на РМ Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери, пратеници, министри во Владата, претседатели на академии на земјите од регионот, амбасадори.

Претседателот Иванов, кој е покровител на свечената академија, во обраќањето истакна дека како врвна самостојна научна и уметничка установа, МАНУ даде голем придонес во изградбата на современата македонска држава, континуирано ја поттикнува и ја развива научната мисла и работи на негувањето и на унапредувањето на уметностите.

– Многу често, академиите се плод на независноста. Но, во нашиот случај, Академијата не само што ѝ претходеше, туку и создаде услови за независноста на Република Македонија. Академијата поттикнува и врши проучувања на прашања од битно значење за македонската национална култура и за општиот развој на нашата држава, истакна Иванов.

Во нашето општество во кое политичарите честопати размислуваат само до следните избори, на академиците е да промислуваат за наредните генерации. Затоа, нагласи претседателот Иванов, неопходно е функционално партнерство меѓу државата и науката, меѓу носителите на одлуки и експертите, со цел носење мудри одлуки и креирање политики втемелени врз научна основа.

Без коментари