Одбојка на плажа и спектакл во следните пет дена во Скопје

0
266

Од среда до недела, Скопје на Градската плажа „Парк“ ќе биде домаќин на првиот Сателит турнир во одбојка на плажа во машка конкуренција. Во организација на Градот Скопје и Одбојкарската федерација на Македонија, 30 одбојкарски пара од 21 земја од Европа ќе се борат за награден фонд од 8000 евра. Натпреварите ќе се играат во претпладневниот термин од 8:30 до 14:30 часот, како и во попладневните часови меѓу 17 и 24 часот. Македонија има само еден пар учесници, тоа се репрезентативците Дарко Ангеловски и Ристо Клопчевски.