Оддадена почит на Милтон Манаки

0
367

Делегација од фестивалот „Браќа Манаки“, директорот на фестивалот, кинематограферот Николиќ, градоначалникот, претставници на Советот и претставници на Здружението на Власи денес положија свежо цвеќе на гробот на Милтон Манаки со што му оддадоа почит на неговото дело.

-Му оддадовме почит за тоа што го користиме наследството кое ни го оставија, рече Димитар Николов, директор на фестивалот.DIMITAR

-Јас сум среќен што сум овде, што дојдов на гробот на овој великан и само му кажав дека можеби јас сум подобар снимател, па нека размисли, изјави Божидар Бота Николиќ, член на жирито.NIKOLIC

Фестивалот е резултат на нивната визија и дело.

-На ваков начин го чевствуваме нивното дело, тие биле луѓе кои предвреме знаеле дека иднината и модерното време ќе бидат сликата и филмот, изјави д-р Владимир Талески, градоначалник на Битола.TALESKI MANAKI

Положувањето цвеќе на гробот на Манаки на Влашките гробишта е традиционално секоја година во рамките на фестивалот.