Оддадена почит за загинатите бранители кај Вејце

0
777

– Во овие тешки моменти, луѓето кои што во 2001 година беа во жариштето на битките и ја бранеа Македонија и крвареа, свесни се дека дојде тешко време кога повторно ќе има потреба да се брани Републиката. Ова се немирни времиња, нови заседи во кои и што, нашиот непријател  во длабока сенка чека да види што ќе се случи.  Инаку, денеска сме собрани да им оддадеме почит на нашите другари и браќа што го дадоа животот во 2001 година з аоваа наша држава -изјави Зоран Талевески, Здружението на бранители “Бедем“.

-Денес сме тука да оддадеме почит на македонските херои, за луѓето кои што го дадоа својот живот за одбрана на Македонија во војната во 2001 и да се присетиме на нивната жртва и да се потсетиме колку е значајно тогаш да се биде на браникот на татковината, бидејќи Македонија е нашата светост. Би порачал до сите оние кои што сакаат да не втурнат во такви сценарија дека секогаш ќе бидеме на браникот на татковината и нема да отстапиме и дозволиме такви сценарија, изјави Борче Димитровски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ

Без коментари

LEAVE A REPLY