Одговор од општината за реакцијата за базната станица

0
545

„ Согласно Законот за градење и Правилникот за потребна документација за поставување на опрема се издава Решение. Покрај другите услови, барателот треба да обезбеди проект, согласност и нотификација од АЕК како и согласност од мнозинството станари во објектот за колективно домување.

Во конкретниот случај се исполнети сите услови за издавање Решение.

Незадоволната страна има право да поднесе жалба до второстепена комисија што во овој случај е сторено и  се чека одговор“ стои во одговорот од Општина Битола околу реакцијата на станари од зградата Пелагонка 1 во Битола.